Ученик со нож повредил еден наставник и тројца вработени во училиште во Осло

Како што соопшти норвешката полиција, утрово ученик во основно училиште во кое учат деца на возраст од 6 до 13 години, во главниот град на Норвешка повредил еден наставник и тројца вработени. Полицијата била повикана околу 9 часот по локално време и уапсила ученик кој ги нападнал учителот и вработените во училиштето со нож, пренесува “Спутник“. Според соопштението на полицијата, четворицата вработени во училиштето Бринсенг во источно Осло со полесни повреди се префрлени во локалната болница.
– Повредените се вработени во училиштето. На терен се уште се неколку патроли и спроведуваме испитување на сведоците, се наведува во соопштението. Од полицијата изјавиле дека уапсеното дете е “многу младо“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.