Училиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијат

Училиште во Шпанија се справува со родовата нееднаквост на свој начин – со учење на момчињата традиционално „женски“ домашни задачи, како шиење и пеглање.
Училиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијат
Училиштето Монтекастело стои зад слоганот „Еднаквоста се учи преку дела“. Во 2018-та година, тие решиле да му додадат ново значење на својот слоган, преку програма што ги учи момчињата вештини како готвење, шиење и пеглање.
Координаторот на училиштето Габриел Браво за ова вели:

„Сметаме дека е многу корисно за нашите ученици да научат да ги извршуваат овие задачи, за кога ќе оформат фамилија, да бидат вклучени уште од почетокот, знаејќи дека домот е работа на двајца. Чистењето, миењето садови и пеглањето не се само обврска на жената.“
Програмата е водена од наставници-волонтери, претставници на училишниот кампус, па дури и од татковци на некои од учениците. Таа исто така вклучува часови за традиционално машки вештини, како што се столарството и водоинсталатерството.
Училиште во Шпанија ги учи момчињата како да пеглаат и шијат
Вработените во училишната администрација дошле до идеја од ваков тип обидувајќи се да смислат начин како да ги научат своите ученици за родовата еднаквост.
Момчињата од Монтекастело прво негодувале за правењето „женски“ работи. Но, за многу кратко ги прифатиле овие активности.
Габриел вели:
„На некои им беше прв пат да фатат пегла во рака. Истовремено беше забавно и поучно. Доста сме изненадени, а и родителите се многу среќни.“
Овие момчиња дефинитивно ќе станат прекрасни сопрузи еден ден!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.