Уште денес и утре претпладне – сончево

Времето денес ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а максималната 15 до 25 степени Целзиусови. И во Скопје сончево и топло време, со максимална температура до 23 степени.
До вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.