УШТЕ ЕДНА МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО РУСИЈА – Близок соработник на Путин паднал од трети кат и загинал!?

Владимир Јегоров (46 г.), кој американскиот весник Newsweek го претставува како сојузник на претседателот на Русија, Владимир Путин, е пронајден мртов, објавија руските медиуми.

Newsweek наведува дека Владимир Јегоров бил пратеник во Градската Дума во Тоболск, област на Тјуменска, како член на партијата Единствена Русија на Владимир Путин.

Користењето на „Северна“ во државното име во документите е избразана и предвреме
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да …
(Видео) Игор Југ: Еден од „реформаторите“ бараше од мене да го наместам Груевски за 27 април и веднаш да бидам ослободен од затвор!
Уставобранителот Игор Југ во своето гостување во подкастот Претрес кај Кристијан Ландов откри детали за голготата која ја помина откако неправедно беше осуден на 7 години затвор за …

Како што објавија руските профили поврзани со безбедносните служби, Владимир Јегоров паднал од прозорец на третиот кат на куќа на улицата „Кедроваја“ во средата.

Медиумите цитираа и извор кој вели дека е можно Владимир Јегоров да паднал од прозорец на третиот кат.

Се вели дека ова е уште една во низата мистериозни смртни случаи на важни личности во Русија кои почнаа да се редат откако силите на Владимир Путин ја нападнаа Украина во февруари минатата година.

Рускиот веб-сајт 72.ru цитираше еден од очевидците дека Владимир Јегоров паднал низ прозорец на третиот кат, додека друг рекол дека претставникот на Владимир Путин има „срцеви проблеми“.

Се наведува дека обдукцијата ќе ја утврди причината за неговата смрт.

Владимир Јегоров минатата година станал еден од најбогатите луѓе во Тоболск, со приход од 9,1 милиони рубљи (околу 100.500 долари).

На веб-сајтот на локалните власти стои дека зад себе ги оставил сопругата и двете деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.