Уште една убава вест: МНТ ќе овозможи да гледаме претстави онлајн

Со цел да имаме што поквалитетна содржина во периодот кога сите треба да ги почитуваме препораките, и МНТ се приклучи со свој придонес.

Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн.

Имено, од утре со почеток од 20 часот ќе можеме да гледаме претстави онлајн.

„Бесплатно преку нашиот „Јутјуб“ канал можете да ги гледате претставите со следниот распоред:

18.03 – „Сомнително лице“

19.03 – „Изгубени Германци“

20.03 – „Парите се отепувачка“

23.03 – „Да тргнеме Сењор“

24.03 – „Мајсторот и Маргарита“

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“ порачуваат до МНТ.

Линк – „Јутјуб канал МНТ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.