Уште едно лице подлегна на повредите од синоќешната престрелка

Почина уште едно лице како последица од престрелката на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје која се случи ноќеска во 12:30 часот. Подлегнал на повредите утринава и 49-годишниот А.П. кој беше пренесен во болница веднаш после пресметката. Претходно на лице место почина Н.А. (44). 19-годишниот Ф.Е. и натаму е во болница, и неговата состојба е критична. МВР работи на расчистување на случајот.
За жал останува нејасно сеуште за што се работи навистина. Среќна околност е што нема и други настрадани затоа што во петок навечер има многу излезени млади луѓе во кафулињата каде што се случи немилиот настан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.