Уште пред 4 месеци Карлеуша кажа што ќе прави ако се појави некоја нејзина гола слика!

Целата сага со порно скандалот кој го тресе регионот и во кој Јелена Карлеуша се најде започна кога босанскиот фудбалер Огњен Врењеш пред очите на јавноста пласираше експлицитни материјали, за нивната божемна долгогодишна врска. Пејачката веднаш демантираше, правдајќи се дека во прашање е монтажа од страна на група луѓе кои сакаат да и наштетат нејзе и на нејзиното семејство, и дека заради тоа ќе бидат правно гонети.
Уште во октомври Карлеуша го претставила новиот Ајфон во Србија. На прашањето што би правела кога нејзиниот телефон би бил хакиран таа ја открила својата стратегија. Нормално, никој па ни таа пред безмалку четири месеци не можела да претпостави дека се ова ќе и се случи.
– Знаете што, јас ќе се вадам на хакери само оној момент кога ќе се појави некоја моја гола слика, а тоа е невозможно – изјавила тогаш Карлеуша.
На прашањето, пак, на новинарот дали во нејзиниот телефон постои некоја таква фотографија, таа одговорила потврдно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.