Уште 5 македонски граѓани позитивни на коронавирус, вкупно 31 заболен

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот.
Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.