Уште 50 илјади евра за веледрогеријата Д-р Пановски

Со укинувањето на Советот за јавни набавки што се случи непосредно по доаѓањето на власт на СДСМ институциите изгубија контрола врз постапките за јавни набавки. Тие се почесто се склучуваат во 4 очи, со што се отвораат нови можности за злоупотреби на целиот процес и за корупција.
На 17-ти септември Клиниката за радиотерапија и онкологија, на пример, склучила договор во 4 очи за набавка на лекови со веледрогеријата Д-р Пановски.
Договорот е објавен на системот за јавни набавки во кој како договорен орган стои Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на лекови преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас.  Вкупната вредност на договорот е 3.024.000 денари или околу 50 илјади евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.