Факт! Независните и невладините не им веруваат на владините институции !

И покрај најавата од претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, дека на независните не им требаат потписи за да учествуваат на изборите, граѓанските иницијативи продолжуваат да собираат потписи за да формираат партии. Ставот на премиерот Христијан Мицкоски е дека одлуката е кај ДИК која има механизам да донесе нов правилник, а каков ќе биде тоа, зависи од самата Комисија.

Наместо решение, прават уште поголем хаос – вака претставници на независните граѓански иницијативи го толкуваат појаснувањето што стигна од Државната изборна комисија(ДИК) за тоа како тие можат да учествуваат на претстојните локални избори на 19 март, откако нивните кандидатури се проблематизираа поради правен вакум.
Проблемот за независните настана откако минатата година беа донесени измени на Изборниот законик, со кои им се наметна повисок законски праг за да се кандидираат на избори. Имено, наместо 1.000 потписи од избирачи во конкретна изборна единица, на независните кандидати им беше наложено да обезбедат потписи од најмалку еден отсто од вкупниот број запишани избирачи, доколку станува збор за парламентарни избори.

  За локални избори претходно на независните кандидати за градоначалници и советници им се бараа меѓу 100 и 1 000 потписи во зависност од бројот на жители во општината. По измените на Изборниот законик, треба да соберат најмалку еден процент потписи од вкупниот број на запишани избирачи во општината, односно во Градот Скопје.

Но, во мај Уставниот суд ги укина одредбите кои ги регулираа условите за потребни потписи, а Собранието оттогаш не донесе нови измени. Така се направи правна празнина што го проблематизира учеството на независните кандидати на изборите

Токму поради тоа независните и невладините решија да направат партиски субјект за да не бидат изиграно со слободни правни интерпретеација затоа што како шти изјавуваат тука големите партии и сдсм и вмро дпмне , левица, дуи и влен сите се на иста страна, за да ги елиминираат другите и обезбедат повеќе места  и власт за себе.

Пронајдете не на следниве мрежи: