Фатен како краде во супермаркет, а пред неколку дена си купи остров вреден 8 милиони долари

На Флорида е уапсен маж, фатен во кражба во супермаркет, иако само неколку дена пред тоа си купил остров вреден 8 милиони долари.
Ендрју Липи е обвинет за кражба во вредност од 300 долари од супермаркет, соопшти полицијата на Ки Вест.
Пред неколку дена тој беше споменат во локалните медиуми, како нов сопственик на островот Томсон, вреден 8 милиони долари.


Милионерот ги отфрла обвиненијата и вели дека му направиле трговски трик. Но, кога полицијата видела дека украдените предмети се добро осмислени и дека не купувал како што прават клептоманите, го пријавила во обвинителството.
Тој бил толку безобразен во кражбата, што во кошницата ставил машина за кафе од 55 долари, а во кутијата имало апарат што чинел 150 долари.
Во кутијата на скапиот апарат Липи спакувал баскет. Липи бил пуштен од полиција, откако бил испрашан и треба да сде појави на суд на 18-ти април.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.