Ферара е мал италијански град кој вреди да го посетите

Овој град веројатно не е на листата на градови кои Ви се препорачани да ги посетите, меѓутоа постојат повеќе причини зошто треба да му обрнете внимание.
Една од главните причини зошто Ферара е посебен град е фактот дека е дел од УНЕСКО семејството уште од 16 век.
Овој град има долга и комплицирана историја, а доколку сакате да слушате приказни со историски заплети, тогаш ова е вистинскиот град за Вас. На една од градбите можете да видите до каде најмногу достигнала водата за време на многубројните поплави на најголемата Италијанска река, По која течe и низ Ферара.


Во центарот на градот се наоѓа дворец кој е изграден во 1385 година и во кој се наоѓа вода од реката По. Дворецот може да го посетите кога и да посакате, а неговиот изглед не е променет од средновековниот период. Многу туристи ја препорачуваат храната од Ферара и истакнуваат дека се прави на посебен начин. Тестенините во овој град се прават според многу различни рецепти и се препорачува за време на посетата да пробате што повеќе комбинации.
Кога ќе завршите со соленото, засладете се со десертот Пампато. Тоа е чоколадна торта која има богата историја. Името во превод значи “попрскан леб”, а се прави од какао, брашно, шеќер, овошје, бадеми и зачини и потоа се покрива со црно чоколадо.


Првиот најблизок поголем град е Болоња, кој е оддалечен на само 44 километри, додека до Фиренца треба да поминете преку 166 километри.
Во центарот на градот ќе наидете на опуштена атмосфера и многу автомобили. Доколку барате место за шетање без гужви, многу лесно ќе преминувате низ помали и поголеми улици низ овој град.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.