Фергусон демантира дека Руни ќе биде продаден

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон ги демантираше наводите дека напаѓачот Вејн Руни ќе го напушти клубот.

Иднината на 27-годишниот фудбалер на Јунајтед беше доведена во прашање откако Фергусон, на изненадување на сите, одлучи да го остави на клупата против Реал во вторникот.
 
Фергусон ги одбра Велбек и Ван Перси за почетна постава, додека Руни во игра влезе во 73.минута.
 
Алекс фергусон зборуваше за Руни во Манчестер пред неделниот меч од ФА купот против Челзи.
 
„Тој ќе биде тука и следната година, го имате мојот збор! Проблемот за кој постојано зборувате е апсолутна глупост. Не постои никаков проблем меѓу Вејн и мене, и бесмислица е тоа дека не разговараме на тренинзите. Тој ќе биде во тимот в недела”, вели фергусон.
 
Менаџерот на `Црвените ѓаволи` се осврна и на реакцијата на својот напаѓач кога дознал дека мечот ќе го почне од клупа.
 
„Руни потполно разбира зошто не почна против Реал. Во прашање е тактичка одлука и успеавме да ја спроведеме. Некогаш не успева, но во вторникот успеа. Велбек во тој момент беше најдобро решение затоа што успеа да го контролира организирањето на играта на Чаби Алонсо и неговите напаѓачки можности”, заклучи Фергусон.
 
Не сакаше да открие дали Руни, мечот против Челзи, ќе го почне од клупа.
Макфакс
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон ги демантираше наводите дека напаѓачот Веј

Пронајдете не на следниве мрежи: