Фергусон незадоволен од сезоната

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, оценил дека сезоната за клубот од „Олд Трафорд“ не ги оправдала очекувањата и покрај тоа што екипата е блиску до освојување на титулата.Јунајтед на осум кола до крајот на првенството во Премиер лигата има 15 бодови предност во однос на Манчестер Сити.„Како би ја анализирале оваа сезона – како сезона на каење или сезона на радост? Најмногу ме разочара елиминацијата од Челзи во ФА купот“, изјавил Фергусон за англиските медиуми.Манчестер Јунајтед во понеделникот беше елиминиран од Челзи во ФА купот, а претходно ги завршија натпреварите и во Лигата на шампиони, откако беа елиминирани во осминафиналето од Реал Мадрид.„Елиминацијата од Реал беше надвор од наша контрола“, рекол Фергусон.Манчестер Јунајтед, во рамките на 31.коло во Премиер лигата, во понеделник ќе го пречека градскиот ривал Манчестер Сити.
МакфаксМенаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, оценил дека сезоната за клубот од „Олд Трафорд“ не ги опр

Пронајдете не на следниве мрежи: