Фернандо Алонсо заминува од Ф-1

Мекларен денеска и официјално објави дека двократниот светски првак Фернандо Алонсо се повлекува од шампионатот во Формула -1.
Шпанецот кој беше и трикратен вицешампион наполни 37 години и изјави : „По 17 прекрасни години во овој спорт време е да се повлечам и да им кажам благодарам на сите оние луѓе што беа со мене во овој период. До крајот на сезоната има уште неколку трки и ќе се обидам да бидем успешен дел од сите нив“.


И додека некои прогнозираат продолжување на кариерата на Алонсо во Инди кар серијата, други се занимаваат со неговиот наследник во тимот на Мекларен и очекуваат Ландо Норис да го заземе неговото место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.