„Фејсбук“ се огласи: Проблемот е решен

Фејсбук соопшти дека споделувањето медиа-фајлови во негови платформи е решен. Корисниците на услугите на компанијата констатираа дека не можат да испраќаат и да добиваат фотографии, видео-клипови и други фајлови на ФБ, Ватсап и на Инстаграм.


– За време на рутинска операција за поддршка е создаден проблем од наша страна, и тоа е причина што некои корисници не можеа да ги користат целосно нашите платформи, соопштија од ФБ.
Тие не дадоа коментар дали ќе вратат пари на компании кои се рекламираат за времето додека постоеле техничките проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.