Комичарката Роузи О’Донел го прекрши сопственото правило за козметичките процедури и направи лифтинг на лицето. Сега таа се појави на Инстаграм за да ја открие својата страна од приказната.
Комичарката Роузи О’Донел во претходните медиумски настапи изјави дека нема намера да се подложи на естетска хирургија , односно дека нема намера да ги менува своите природни црти на лицето.
Сега таа откри на социјалните мрежи дека направила фејслифтинг во јануари оваа година , кој, како што рече, чинел „повеќе од кој било автомобил што некогаш го купила“.
О’Донел ја започна својата објава на Инстаграм признавајќи дека отсекогаш имала „многу цврст став за лифтингот на лицето “ и дека се гордее што е некој што „никогаш, ама баш никогаш“ не би се согласил на таква процедура.
View this post on Instagram A post shared by Rosie O’Donnell (@rosie)
„Мислев дека е предавство. Предавство на феминизмот. Предавство на стареењето. Нашиот тим жени од целиот свет. И потоа ослабев 22 килограми…“, напиша таа. Иако првично размислувала да се откаже од фејслифтингот, разговорот со нејзината ќерка Клеј ја предомислил. Таа направила фејслифтинг, но тоа не значи дека ќе продолжи со козметичките третмани.
„Не сакав да бидам личност која постојано ги поместува границите, никогаш не е задоволна и се соочува со проблем што никогаш не може да се реши. Сакав да поставам граница“, напиша таа.
View this post on Instagram A post shared by Rosie O’Donnell (@rosie)
Комичарката тврди дека никој не ја забележал козметичката корекција . „Апсолутно никој не видел што сум направила на лицето. Ниту пријатели, ниту странци, дури ни луѓе од кои би очекувала комплимент. Мојата тинејџерка ќерка не проговори ни збор. Ништо. Поминав низ цела егзистенцијална феминистичка криза, ми го променија лицето и вратот хируршки, а резултатот е… ништо“, рекла таа.
Иако О’Донел е задоволна од суптилните промени, таа призна дека сè уште се бори со „чувството дека измамила“.
View this post on Instagram A post shared by Rosie O’Donnell (@rosie)
„Додека се подготвувам за последниот ден од училиштето со моето најмало дете, еве ме на 64 години, со нов долен дел од лицето и вратот, благодарна што воопшто сум жива.“
The post Фејслифтингот го платила поскапо од кој било автомобил, па се покајала appeared first on Во Центар.



