Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче обвинува дека владините политки ја туркаат државата во сериозна финансиска криза, а побарано е и ново задолжување од 300 милиони евра.
– Загрижувачка е состојбата со буџетот и со финансиите, сето тоа се должи на лошото менаџирање на власта. Последниот знак којшто укажува дека сето тоа што го говориме со месеци наназад е вистина, е новото задолжување на Владата. Побараа 300 милиони евра, затоа што треба да пополнат огромната дупка во буџетот. За прв пат, државата не добива толку пари колку што побарала од банките. Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260, изјави Филипче денеска на прес-конференција.
The post Филипче: Владата посегнува по ново задолжување од 260 милиони евра appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



