четврток, 12 ноември 2026
Најново

Филипче: Дали фирмата Алфафарм е поврзана со луѓе од сегашната власт

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на СДСМ денеска повтори дека нема никаква врска со било која фирма за марихуана и ја повика Владата да одговори со кои луѓе од сегашната власт е поврзаната фирмата Алфафарм наведена во документ на српското Обвинителство.
– Со кој е таа фирма, која е наведена во документ на српското обвинителство, поврзана? Дали е поврзана со некои луѓе од сегашната власт? праша Венко Филипче денеска на прес-конференција.
Според Филипче, власта прави дефокус од најголемиот нарко-скандал во регионот за да одбегне одговрност за тоа како петте тони дрога ја поминале македонската граница.
– Коментирав неколку пати и ќе го повторам ставот – тоа е апсолутно само една форма на дефокус. Јас немам никаква поврзаност со било која фирма за марихуана во државата. Повторно е тоа обид да се избегне одговорот на вистинското прашање – како пет тони марихуана, 4–5 шлепери, поминале преку граница и завршиле во Србија. Како поминала на полициска контрола? Како поминала на царинска контрола на граница? Тоа се прашањата. Сè друго е голем дефокус, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ оцени дека во изминатиот период тој лично и партијата се изложени на лажна кампања и серија фабрикувани обвинувања.

Поврзани вести