Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја коментираше вчерашната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека тој „ја уништил Југославија“ и „дека ако излезе на улица, нема да се врати дома“.
Верувам дека тие барања на Али Ахмети се само за негов личен политички став. Имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во партиското раководство. Има и луѓе од други етнички заедници, нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се промени ниту се негува на начинот на кој го предлага г-динот Ахмети.
Верувам дека тој го кажува ова само за некаква своја политичка корист во оваа констелација на односи.
„Гледам дека рече дека ја уништил Југославија, ако мисли дека ќе ја уништи Македонија вака, можам да кажам дека нема да победи на овој начин“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
The post Филипче до Ахмети: Ако мисли дека ќе ја уништи Македонија, можам да ви кажам дека нема да победи на овој начин appeared first on Во Центар.



