Филипче: До декември сите специјалисти ќе имаат плата од 100.000 денари

Министерот за здравство, Венко Филипче покрај тоа што најави враќање на доктори од странство во нашата земја, до декември најави и зголемување на платата на околу 100.000 денари просечно нето принос за сите специјалисти.
– Значајна сума на пари се оддели за зголемување на платите на лекарите во Македонија. Значајно се зголеми и сумата на пари кои ги земаат лекарите и сестрите за дежурства и ноќни смени. Еве веќе има лекари каде што заедно со дежурствата платата им е стигната до 100.000 денари, рече Филипче додавајќи дека платата не е секогаш единствената причина за да ги заддржиме лекарите, туку и условите за работа.
– Огромна сума на пари досега се одлеваше за странство, минатите години дури 50 милиони евра се одлеани во странските болници, замислете како би изгледале нашите болници со тие пари, доколку тие би се вложиле таму, кажа министерот Филипче и најави дека ќе се прошируваат услугите на македонските болници за интервенции кои досега се правеле во странство. Во иднина ќе има услови и во нашата земја.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.