Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција директно го праша премиерот Мицкоски кој ќе ја сноси одговорноста ако земјата остане надвор од Европската Унија.
Филипче нагласи дека граѓаните јасно ја изразуваат својата европска определба, додека владата со своите политики го попречува процесот на европска интеграција.
„Граѓаните јасно наведуваат во сите анкети на јавното мислење, над 70% сакаат да станеме земја-членка на Европската Унија. Колку нè чини тоа што преговорите со Европската Унија не се отвораат сега? Дали некој во владата пресметал колку пари ќе стигнат тука кога ќе се отворат пристапните фондови, во сите сектори во согласност со отворањето на поглавјата. Колку финансиски средства во голем процент и како грантови ќе стигнат до нашите граѓани, какви придобивки виделе граѓаните на сите земји-членки што се приклучија кон Европската Унија, и старата Хрватска и новата, на пример Романија, Бугарија“, рече Филипче.
Тој додаде дека владата не ја спроведува реформската агенда и наместо да ги исполнува своите обврски за напредок кон ЕУ, владата свесно создава поделби и тензии за да ја одржи својата политичка позиција.
„Зборуваат за спроведени реформи, се поставува прашањето кои реформи кога минатата година не беше донесен ниту еден закон од областа на правосудството од реформската агенда. Намерно создаваат конфликти и шират некакви лаги за бугарска завера. А ова е стар и добар рецепт за зачувување на власта, жртвувајќи ја иднината на државата и граѓаните“, рече Филипче.
Филипче предупреди на дополнителни сериозни ризици од застој во процесот на европска интеграција на Македонија доколку десничарска партија, за која проширувањето на Европската Унија не е приоритет, победи на изборите следната година во Франција.
The post Филипче до Мицкоски: Кој ќе биде одговорен ако Македонија остане надвор од ЕУ? appeared first on Во Центар.



