петок, 27 ноември 2026
Најново

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба, пораката на бугарската министерка е јасна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Зошто Тимчо Муцунски криеше дека денеска имал средба со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова во Брисел – прашува лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, откако шефот на македонската дипломатија рече дека со својата бугарска колешка имал едноминутен разговор, а не средба, како што тврди таа.

Имало или немало средба, била таа неформална или формална, пишува Филипче во објава на Икс, пораката што Муцунски ја доби од Петрова-Чамова е јасна – дека Бугарија има јасно изразен став, кој од 2022 година не е билатерално, туку прашање за дискусија меѓу ЕУ и земјата кандидат и дека доколку не ги спроведе обврските, Македонија би можела да ја изгуби можноста да биде дел од проширувањето на Унијата во наредните години.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Колку повеќе докази им требаат на граѓаните на Македонија дека оваа криминална организација предводена од Христијан Мицкоски лаже? Без вклучување на малцинствата во Уставот – што е европско, а не бугарско прашање – нема да има напредок во интеграциите во ЕУ. Вистината излегува на виделина. Правдата ќе победи!“, пишува Филипче во објава на Икс.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски претходно денеска реагираше на изјавата што од Брисел ја даде неговата нова бугарска колешка Весислава Петрова-Чамова. Таа рече дека во Брисел имала средба со Муцунски и дека својот северномакедонски партнер го информирала за непроменетиот став на Бугарија – дека Северна Македонија треба да ја почитува преговарачката рамка со ЕУ од 2022 година.

„Ако едноминутен разговор се нарекува ‘средба’, тогаш денес навистина имавме многу ‘средби’. А, како што ѝ кажав на Весислава, се надевам дека наскоро навистина ќе одржиме средба – во пријателска и позитивна атмосфера, насочена кон градење добрососедски односи и нашата заедничка европска иднина“, реагираше Муцунски и ѝ порача дека користењето на терминот „северномакедонски“ е несоодветно.

Поврзани вести