сабота, 28 ноември 2026
Најново

Филипче за директорот на Неврологија кој земал кокаин: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил пациенти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На новинарско прашање како го коментира најновиот скандал со директорот на Неврхирургија Кузмановски, за кој излезе видео како конзумира дрога, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче одговори:

„Сметам дека треба да реагира лекарската комора во однос на тоа да се направи проценка дали и колку време наназад се случувало тоа, односно дали во една таква состојба доктор воопшто може да лекува пациенти. Така да, тоа е многу сериозно прашање, можеби во прашање биле доведени животи на некои негови пациенти доколку бил во некоја таква состава, сега да не прејудицираме, но ова работа заслужува сериозна анализа и проверка од страна на комората“ рече Филипче.

Поврзани вести