Филипче: Македонскиот јазик не е загрозен, признат е во ЕУ, Мицкоски лаже

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христија Мицкоски дека лаже велејќи дека македонскиот јазик е загрозен.
Филипче рече дека воопшто не станува збор за загрозување на македонскиот јазик и дека тој е признат во Европската унија.
– Премиерот го спомнува идентитетот, јазикот и така натаму, а тоа е само уште една тема на којашто гледаме дека човекот е лажго. Премиерот лаже. Прво, кажуваше дека со владата на Зоран Заев нема да добиеме датум за преговори, па добиваме. Па кажуваше дека јазикот е загрозен со Преспанскиот договор, дека имало некакви фусноти и така натаму, што излезе дека е лага. Па лажеше дека ќе го поништи и не го признава Преспанскиот договор. И после тоа дојде Францускиот предлог, во којшто јасно стои дека македонскиот јазик го признаваат сите земји членки на Европската Унија. Во Францускиот предлог, односно точно во Преговарачката рамка стои македонски јазик. И со тоа бугарскиот Парламент ја изгласа Преговарачката рамка за нас. Таму стои македонски јазик. Ниту како е цитирано во Уставот, ниту фуснота. Чист македонски јазик, потенцираше Филипче.
Тоа граѓаните мора да го знаат, рече Филипче, додавајќи дека премиерот лаже претставувајќи се како голем патриот. 

The post Филипче: Македонскиот јазик не е загрозен, признат е во ЕУ, Мицкоски лаже appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: