четврток, 12 ноември 2026
Најново

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ви се обраќам од Брисел, затоа што борбата за слободата и демократијата во Македонија бараат акција и заедничко дејствување.

Донесената срамна Резолуција на ДПМНЕ и ЗНАМ во Собранието е директен удар врз демократијата, слободата на говор, мислењето и политичкото дејствување.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Кога парламент носи неуставна резолуција, против опозицијата, тогаш државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Во режим.

Власта сака да ја замолчи и да ја забрани работата на опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор.

СДСМ тоа нема да го дозволи, ќе ја одбраниме слободата и демократијата.

Овде, во Брисел, ќе побарам поддршка од цела Европа, од сите прогресивни и демократски сили, од сестринските социјалистички и социјалдемократски партии.

Македонија мора да биде слободна, демократска и европска држава.

Време е за формирање единствен граѓански фронт – фронт за правда, слобода и демократијата.

Фронт во кој сите, без разлика на партиска, етничка или идеолошка припадност, ќе застанеме како еден во одбрана на демократијата, слободата на говорот и мислењето, и во одбрана на Македонија.

Да ја одбраниме Македонија. Да ја одбраниме демократијата!

Поврзани вести