Филип Петровски: Не се виновни они затоа што краделе, туку сме виновни ние затоа што тоа го збориме | СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО ЗА НАРАЧАТЕЛИТЕ НА НАПАДИТЕ

Лице обвинето во случајот “Делчевски ниви” упати закани кон Филип Петровски и редакцијата на Инфомакс, открива во денешната епизода на САЈБЕР КОМАНДА, Филип Петровски.

– Делчевските ниви беше голем скандал во кој беа вмешани ликови од првиот круг на Мицкоски, имињата на луѓето се повеќе од познати, случајот е повеќе од јавен и јасен, случајот е истражен, дел од луѓето беа во притвори, но јас ќе потсетам за што се работи и има причина зошто го правам ова, односно потсетувам на аферата.

Филип Петровски: Не се виновни они затоа што краделе, туку сме виновни ние затоа што тоа го збориме

…постојат одредени кулоарски муабети, а во секој муабет има пола вистина, дека со случајот Делчевски ниви се тргува за да се направат уставните измени. Ова е сериозна работа од повеќе аспекти…
Филип Петровски: Не се виновни они затоа што краделе, туку сме виновни ние затоа што тоа го збориме | СЕ ОДМОТУВА КЛОПЧЕТО ЗА НАРАЧАТЕЛИТЕ НА НАПАДИТЕ

Делчевските ниви се една извондредна досетка, мислам дека се работи за организиран криминал, а тој се санкционира со потешки казни во Кривичниот законик бидејќи се работи за група која се организирала, смислила и сторила криминал а е раширане во повеќе институции. Случајот е истражен, нели им ги запленија телефоните, сите трансакции се документирани, парите се замрзнати, беа во притвори итн.

Во меѓувреме тој случај запре, постојат одредени кулоарски муабети, а во секој муабет има пола вистина, дека со случајот Делчевски ниви се тргува за да се направат уставните измени. Ова е сериозна работа од повеќе аспекти.

Веќе имаше недозволена промена на Уставот со осум пратеници на Мицкоски, беше тргувано, за да не одговараат, беше донесен закон за амнестија и тие пратеници го променија името и никому ништо. Тие исти луѓе беа формално прогласени од ПР стратезите на Мицкоски за предавници, проклетници, целото членство ги стигматизираше и ги отфрли. Ама потоа се појави серија на разговори на интернет, кои се водени после промената на името, во кои разговори Мицкоски им вели на дел од тие пратеници дека смета на нив.

Делчевските ниви најверојатно се користат како елемент, притисок за промена на Уставот, се плашам дека тоа е таа трговија.

Има закана кон мене и Инфомакс затоа што се занимаваме со овој случај, заканата е од човек до Мицкоски за кој се сомневам дека е организатор и на претходните два напади врз мене. Во една многу легитимна проверлива процедура е пратена до мене, во смисол дека тој како човек од сенка на Мицкоски, некој кој треба да биде премиер во сенка, новиот Сашо Мијалков, човек кој ги работи валканите работи, дека може да ми се повтори тоа што ми се случило и не може да ги контролира дел од учесниците во Делчевските ниви, односно нивните семејства.

Вака да кажам, заканата ја примам прилично сериозно, знам дека се работи за луѓе кои се спремни на сила и преку криминал да дојдат до тоа што го замислиле. Господа, во офсајд се, не се доаѓа на таков начин на власт, вака работат криминални банди и мафија, банди кои работат во темница, работите кои ги прават да не бидат познати во општеството.

Јас изворно знам дека од тој што ми е пратена заканата не е ниту позитивен лик, ниту дека може да донесе нешто позитивно во општеството, но дека е човек кој би ги корисел сите недозволени алатки да се сокрие вистината, да биде новиот Мијалков, да се пресметува со неистомислениците, во тоа сум убеден.

Заканата е примена, сигурен сум дека се работи за истите нарачатели на претходните два напади, случајот ќе биде од редакцијата на Инфомакс пријавен во полиција и ќе биде пријавен во соодветните меѓународни институции.

Само да кажам дека со многу внимание ќе го следиме случајот „Делчевски ниви“ и дали Делчевски ниви е елементот, кариката што недостасува за да се случи промената на Уставот. Дали патриотизмот кој му се продава на членството на ВМРО-ДПМНЕ е само за да се покријат, да се сокријат работите кои се работеле во позадина, во темница? Партијата и името на партијата е злоупотребено за одредени луѓе да купуваат куќи на Халкидики, пола Делчево е нивно, само глумат големи вмровци, вели Петровски, кој додава дека името на партијата се злоупотребува од ликови на кои тоа име ништо не им значи.

Во случајот „Делчевски ниви” осомничени се двајца управители на „ЕВН Електрани Македонија“, Игор Гиевски и Мирослав Митровски. Игор Гиевски, кој е поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, додека Мирослав Митровски е син на поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митровски.

Меѓу осомничените е и Дарко Тодоровски, кој е поранешен советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, како и Орце Тодоровски – Ефто, кој важи за близок на лидерот Христијан Мицкоски. Има и еден брачен пар, Влатко и Марија Илиевски. За Илиевски владејачката партија тврди дека му е телохранител на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Со кривичната пријава е опфатен и Дарко Ќурчиски кој поседува бензинска пумпа во Делчево.

Според истрагата, парцелите биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за метар квадратен.

Финансиската полиција се сомнева дека управителите свесно и со намера, изготвиле анализа во која прикажале лажни податоци за земјишта во делчевско кои не ги исполнуваат законските услови за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со цел ЕВН на истите да гради фотонапоснки централи.

-Со тоа тие го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија да донесе Одлука за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со останатите четворица пријавени. Така управителите овозможиле на сметките на дел од пријавените од ЕВН да се исплатат вкупно 99.431.060 денари за земјишта чија реална пазарна вредност изнесува 2.146.723 денари, велат од Управа за финансиска полиција.

На осомничените најпрво им беше определена мерка притвор, додека на една осомничена ѝ беше одземена патната исправа и забрана да го напушта градот во кој живее. Подоцна мерката ефективен притвор беше заменета со мерка куќен притвор, за сега осомничените да шетаат на слобода, а како што гледаме и да упатуваат закани кон новинари кои се занимаваат со нивниот случај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.