Филип Рикер денес во Скопје ќе се сретне со Заев и Димитров

Денес во посета на Скопје е поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, кој е цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД и иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.
Како што информираа од владината прес-служба, за претпладнево е предвидена средба на Рикер со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.  Попладне Рикер ќе има средба со премиерот Зоран Заев, по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите.
Рикер во Скопје ќе учествува на конференција во организација на Маршаловиот фонд на САД.
Филип Рикер беше амбасадор на САД во Република Македонија од 2008 до 2011 година. Ова е негова прва посета на земјава по најавите дека ќе го преземе местото помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, откако на почетокот од годинава Вес Мичел се повлече од таа функција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.