Филип Рикер утре доаѓа во Скопје

Филип Рикер, поранешниот амбасадор на САД во земјава, а сега наследник на Вес Мичел во Стејт Департментот, утре доаѓа во Скопје. Ова е негова прва посета на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која се повлече Мичел на почетокот на годинава.
Рикер ќе учествува на конференција, во организација на Маршаловиот фонд, а во рамки на престојот, предвидена е и негова средба со премиерот Зоран Заев и со други членови на Владата.
Филип Рикер беше амбасадор во САД во периодот 2008-2011 година, непосредно по неуспехот на Македонија на самитот на НАТО во Букурешт. Од таа позиција тој беше активно вклучен во разговорите што следеа потоа за надминување на спорот меѓу Македонија и Грција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.