Финска е најсреќна земја во светот по седми пат – Еве на кое место се наоѓа Македонија

Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот со тоа што се најде на врвот на листата на Светскиот извештај за среќа, кој се подготвува под покровителство на Обединетите нации, седма година по ред, пренесе АФП.

На првите места на листата има уште три скандинавски земји – по Финска, Данска, Исланд и Шведска, соодветно. Вкупно беа рангирани 143 земји, а последен е Авганистан.

Извештајот е објавен на вчерашниот Светски ден на среќата. Списокот се составува секоја година од 2012 година.

Рангирањето се заснова на шест клучни фактори: социјална поддршка, приход, здравје, слобода, дарежливост и недостаток на корупција.

Близината до природата и добрата рамнотежа помеѓу работата и животот се клучни за задоволството на Финците, вели Џенифер Де Паола, истражувач од Универзитетот во Хелсинки, специјализирана за оваа област. Финците можеби имаат „подостапно разбирање за тоа што е успешен живот“ во споредба со САД, на пример, каде успехот често се поврзува со финансиска добивка, додава таа.

Довербата во институциите, ниската корупција и слободниот пристап до здравството и образованието се исто така клучни. „Финското општество е проникнато со чувство на доверба, слобода и висок степен на автономија“, смета Де Паола.

Македонија е рангирана на 84 место во светот.

Меѓу водечките сили во ЕУ, Германија е 24-та на листата, а Франција е 27-ма. Германија и САД не се во топ 20 за прв пат по повеќе од 10 години, со САД оваа година на 23-то место. Кина е на 60-то место.

Ниту една од најнаселените земји во светот не е во првите 20, меѓу првите десет само Холандија и Австралија имаат повеќе од 15 милиони жители.

https://twitter.com/HappinessRpt/status/1770242945578422500?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1770242945578422500%7Ctwgr%5E49d58d7b8ea69888c0f41f7f14eb15fad0869585%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftrud.bg%2FD184D0B8D0BDD0BBD0B0D0BDD0B4D186D0B8D182D0B5-D181D0B0-D0BDD0B0D0B9-D189D0B0D181D182D0BBD0B8D0B2D0B8-D0BDD0B8D0B5-D181D0BCD0B5-D0BDD0B0-81-D0B2D0BE-D0BCD18FD181D182D0BE%2F

Пронајдете не на следниве мрежи: