Фирмата поради која се гони поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев и годинава добила тендери од кои највисокиот со Царинската управа е во вредност од 420 илјади евра, јавува Телма.
Овој пат, наместо надворешно, фирмата добила тендер за внатрешно одржување на хигиена на деловните простории на Царинската управа, а договорот вреден околу 420 илјади евра го потпишал актуелниот директор на Царинската управа Ббобан Николовски.
– Ова не е единствен договор потпишан од Николовски. И во јануари 2025 година „Ремондис Медисон“ била ангажирана од Царинската управа за внатрешно одржување хигиена и одвоз на смет на заеднички граничен премин Белановце Станчиќ за околу 8000 евра, објави Телма.
Дејноста на фирмата е собирање на безопасен отпад, а одд почетокот на годинава Ремондис Медисон добила 26 тендери со разни институции. Вкупно се вредни над 80 милиони денари или околу 1 милион и 300 илјади евра. Минатата година ја завршила со добивка од над 327 илјади евра.
Поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев заендо со уште три лица се во 30-дневен притвор бидјеќи се осомничени за местење тендер со фирмата Ремондис Медисон за надворешна хигиена на терминалите и граничните премини.
Втор по вредност договор после тој со Царинската управа годинава е со Министерство за одбрана за одржување на хигиена во објектите на Министерството и Генералштабот на Армијата од околу 270 илајди евра. „Ремондис Медисон“ ја одржува и хигиената на државните клиники за 150 илјади евра.
Одбраната на Богоев поднесе жалба на одлуката на Кривичниот суд за 30-дневен притвор за која ќе се одлучува од утре.
– По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител се уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучување, информира денеска Кривичен суд.
Меѓу уапсените е и Димитар Геогиевски, кој бил управител на битолската фирма која според податоците на бизнис мрежа лани во јуни го променила седиштето и оттогаш се наоѓа во Скопје. Георгиевски до денес е овластен директор на „Ремондис Медисон“ која само ја сменила адресата во главниот град.
Освен Георгиевски, осомничен е и вработен во фирмата прилепчанецот Александар Спирковски познат како Џемо. Токму Спирковски заедно со Георгиевски, според кривичаната пријава влијаеле кај четвртиот осомничен Семир Мура кој бил помошник директор во Царинската управа. Тие на него и на Богоев им ветиле подарок за да ја фаворизираат Ремондис Медисон на тендерот.
The post Фирмата поради која се сомничи Богоев добивала тендери и од актуелната власт, јавува Телма appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



