Фирма на пратеник на СДСМ доби 10 милиони од државата

Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ. Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб, пренесува ЛИДЕР.

Пред некој ден „Лидер“ пишуваше и дека бесникот „Слободен Печат“ каде што главен уредник е Бранко Героски, доби грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации на Република Македонија.

-Особено сум горд и задоволен од одличните резултати од овој прв јавен повик на #ФИТР кој покажа дека се надминати очекувањата, а компаниите аплицирале со исклучително квалитетни проекти, рече Заев а објави Фејсбук страната на Фондот за иновации.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.