ФИФА ќе го казни Кардиф ако не го плати трансферот на Сала

Светската фудбалска федерација (ФИФА) може да воведе санкции за Кардиф ако клубот не го запази рокот за првата рата за трансферот на Сала. Кардиф до крајот на следната недела треба да му плати пет милиони евра на Нант.


Претходно беше објавено дека велшкиот клуб сака да ги почека резултатите од официјалната истрага, која ќе ги открие околностите на исчезнувањето на 28-годишниот Аргентинец, чиј приватен авион исчезна од радарските екрани над Ла Манш вечерта на 21 јануари.
Сала, чиј трансфер е проценет на 20 милиони евра, не одигра ниту еден натпревар за Кардиф.
Британските служби објавија дека телото извлечено од авионот урнат на дното на Англискиот канал со кој Сала полета во Кардиф му припаѓа на фудбалерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.