Флоренс продолжува да слабее, досега однесе пет животи

Тропската бура Флоренс, што ги погоди крајбрежните региони на американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина, продолжи да слабее, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД.
Силниот ветер и поројните дождови, што ги донесе Флоренс, ги однесоа животите на пет лица, а предизвикаа и големи поплави во делови на Северна и Јужна Каролина.
Флоренс се формира како ураган над Атлантскиот Океан, но откако вчера пристигна до источниот брег на САД, ослабна на ниво на тропска бура.

  Според податоците на Центарот, Флоренс, во чие жариште денеска дуваат ветрови со брзина од 80 километри на час, продолжува да се движи на запад, кон сојузната држава Охајо.
Метеоролозите предвидуваат дека бурата ќе продолжи да слабее како што ќе навлегува се подлабоко во континенталниот дел на САД, но и во текот на наредните денови се очекуваат поројни дождови во реоните низ кои ќе минува.
Меѓу жртвите на Флоренс се и мајка и бебе, кои загинале откако откорнато дрво од силниот ветер паднало врз нивната куќа во градот Вилмингтон, како и еден човек во округот Ленор, кој го загубил животот додека се обидувал да го вклучи генераторот во неговиот дом.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.