Фолкерката Анета Наковска распали по министерката Царовска

Еве што и порача Анета Наковска на министерката Царовска
По несреќната изјава на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, дека со 17.000 денари едно семејство може да живее сосема солидно, реакциите на социјалните мрежи се уште не стивнуваат.
Имено, и покрај тоа што министерката Царовска се извини и преку социјалните мрежи се оправда дека нејзината изјава била извадена од контекст и испревртена, на социјалните мрежи се уште се води жестока дискусија за нејзиниот гаф. Па така во критиките кон Царовска се вклучи и фолк пејачката Анета Наковска со следниот коментар.
„Па се знае како се станува милионер. Но кога ќе и одговори на јавноста зошто се држеле под силни лекови за спиење децата по домовите и каде се сека и во каква состојба се сите тие дечиња??“ напиша Наковска на Фејсбук


Наковска овој коментар го сподели заедно со линк од текст на Инфомакс во кој Царовска се споредува со Марија Антоанета од Македонија. Имено тие покрај критиките објавија и дека Мила Царовска во 2018 година имала имот од само 212.990 евра, додека сега тој изнесува 1.591.597 евра.Инаку, по нападите се огласи и Царовска која преку својот профил на социјалните мрежи го напиша следниот коментар:
Насловите подолу кои ги вадат порталите се целосно извртување на вистината. Во емисијата детектор споделувам индикатор објавен минатата недела од Државниот завод за статистика, а не изразувам мој став. Во текстот подолу ја има целата изјава во која цитирам два извора кои објавуваат потребна сума на пари за живот во текот на месецот. Едниот е од синдикатите другиот од статистика. Еве ја мојата целосна изјава.
„Многу е субјективно за да може да кажеме колку би изнесувала. „Лајкин индикаторите“ кажуваат колку е. Вас ви требаат 203.700 денари на годишно ниво, четиричлено домаќинство со две деца до 14 години двајца возрасни. И тоа е речиси до минимална плата на месечно ниво. Тоа е како една пресметка. Ако одиме на синдикалната кошничка таа вели 32.000 денари, а тоа е два пати по ова што е тука пресметано. Но ако велиме квалитет на живот кој што значи се што ни недостига и се што одредено семејство му треба и сака да го прави, таа може да оди многу повеќе. Но не можеме да дискутираме и да креираме политики врз база на претпоставки. Сепак оние бројки кои што ги пресметува или синдикатот или Статистика како „лајкин индикатор“ треба да се основа за креирање на политики.

Инаку, министерката Царовска во својата нова кампања вели дека повеќе од 120 илјади граѓани добиваат повисока социјална помош за 300 отсто откако е таа седна во министерското столче. Покрај тоа денес имаме и детски и образовен додаток, односно преку 20.000 деца примаат детски додаток и над 2000 лица земаат социјална пензија.
Но и под самата кампања во коментарите можат да се прочита како револтирани граѓани ја напаѓаат министерката.
„Народот ќе каже дали сте на прав пат. ? Што направивте за младите без родители и родителска грижа? Не ги ни продолживте мерките што беа активни пред да станете Министер, што ни овозможуваа шанса за достоинствен живот, а камо ли да ги унапредите па да имаме и среќен живот. Ајде да бидеме реални, кажете една добра работа што сте направиле за децата без родители по завршување на грижата во детските домови? Пак ли сакате децата без родители да талкаат по улици и да се чудат како да преживеат? Со што конкретно се грижите? Пред 2 години, лично бев кај вас да барам да ме поддржите за измена на чл.181 од Законот за семејство со кој државата ме обврза да плаќам трошоци за татко ми кој никогаш не се грижел за мене затоа што израснав во дом како дете без родители. Ја предложивте ли измената? Или уште не е приоритетен Закон? Дали сте го прочитале Уставот на државата? Дали знаете дека согласно чл. 52 од Уставот, Законите не може да имаат повратно дејство, освен во случај кога се поповолни за граѓанинот? Не може ЦСР да ни укинуваат стекнато право со ретроактивно важење на Законот! Сте ставиле измена во новиот закон дека до 26 години може да се добива парична помош за студирање за деца без родители за додипломски студии и на над 30 лица без родители ЦСР им ја укина паричната помош на сред студии! Како да ги завршат факултетите до 26 години кои ги почнале на 30 годишна возраст? Еве, не сме паметни, објаснете ни како? Како може ЦСР да изготвуваат такви небулозни решенија и да укинуваат стекнато право? Знаете дека Уставот е највисок правен акт во државата. Очекуваме МТСП да го почитува Уставот и по жалбите да одлучи позитивно. А за вработувањето и социјалните станови во друга прилика…“ пишува една корисничка на социјалните мрежи.
Што мислите вие за изјавата на Царовска поради која беше жестоко критикувана на социјалните мрежи?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.