понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Форумот на жени на СДСМ утре на протест во Охрид

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Форумот на жени на СДСМ утре, 17.11.2026 година (вторник), со почеток во 18:00 часот, организира протест пред СВР Охрид, во знак на поддршка на младата Сара и нејзините блиски, на сите жени жртви на насилство и протест против, како што велат, нефункционалните институции водени од ВМРО кои ги штитат насилниците.
Форумот на жени на СДСМ, ги повикува и граѓаните на Охрид да се приклучат на протестот и заеднички да испратат јасна и гласна порака дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат и дека мора да има одговорност.
„Ги повикуваме и граѓаните на Охрид да се приклучат на протестот и заеднички да испратиме јасна и гласна порака дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат и да следува одговорност. Сара заслужува правда, сигурност и заштита, како и секоја жена. Не смее да има заташкување на насилството, одговорност мора да има без разлика на партиски, семејни и политички врски. Доста е молк! Доста е неказнивост! Доста е заштита на насилниците.За Сара. За сите жени. За правда и одговорност. Да бидеме заедно, гласни и истрајни. Охрид мора да испрати порака дека насилството нема да помине“, порачуваат од Форумот на жени на СДСМ.

Поврзани вести