На пуленот на Мицкоски му се случи народ: Ѓорчевци на улица против хемиски фабрики и бетонизација на општината!

Стотици граѓани на општина Ѓорче Петров денеска напладне излегоа на протест против Деталниот урбанистички план за градска четврт СЗ16 со кој се предвидува изградба на десеттина згради дел од нив високи и над 20 ката, но и изградба на три хемиски фабрики среде густо населено подрачје.

Од местото каде трева да се градат зградите учесниците на протестот порачаа дека Ѓорче Петров не може да си дозволи толкави габаритни градби на таков мал простор и побара ревидирање на целиот план и намалување на катноста.

Инаку вчера една третина од советниците на вонредна седница на Советот побараа суспензија на дел од планот, но советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.