(ФОТО+ВИДЕО) Се урна ресторан во Мајорка, има мртви и повредени


(ФОТО+ВИДЕО) Се урна ресторан во Мајорка, има мртви и повредени

Алерта њуз јавува дека во несреќата загинале четири лица, а 27 се повредени

Фото: Твитер

Две лица загинаа, а десетина се повредени при уривање на тераса на ресторан во двокатна зграда на шпанскиот остров Мајорка, соопштија спасувачките служби.

„Најмалку четворица загинати и десетици повредени по уривање на ресторан во Палма де Мајорка.
Ресторанот ‘Медуза бич клуб’ се наоѓа на приземјето од зградата Плаја де Палма“,

стои во една објава на социјалната мрежа Икс.

Алерта њуз јавува дека во несреќата загинале четири лица, а 27 се повредени.

Колапсот се случил попладнево во ресторан лоциран во област популарна кај странските туристи, јавија локалните медиуми.

На местото на несреќата пристигнале повеќе пожарникари, полицајци и возила на брзата помош.

Фото: Твитер

Балеарските острови се втората најпосетувана туристичка дестинација во Шпанија, по Каталонија.

Во 2023 година, според официјалните бројки, ги посетиле повеќе од 14 милиони туристи.

Пронајдете не на следниве мрежи: