До редакцијата на Инфомакс пристигнаа вознемирувачки фотографии од условите во кои живеат пациентите во психијатриската болница во Демир Хисар.
Кревети во крв и остатоци од измет, неисчистени тоалети, неисперена постелнина, е состојбата во која секојдневно живеат десетици пациенти.



Таблата која е отворена е опасност за сите пациенти кои не се свесни и би можеле да ја допрат, а со тоа и да доживеат електричен удар.
Дополнително, една бања опслужува повеќе од 40 луѓе, кои двапати седмично имаат половина час за туширање, што не е ниту приближно доволно време за сите да имаат соодветни хигиенски услови, односно човечки услови за живот.





Погледнете го видеото во продолжение:



