Фотографијата на Џенифер Анистон во мал фустан по повод нејзиниот 52-ри роденден ги воодушеви нејзините обожаватели!

Крис Микмилијан сподели фотографија од Џенифер Анистон која сама ја направила додека тој и ја правеше фризурата.
Џенифер Анистон го прослави својот 52-ри роденден во четвртокот, но ретко кој би го рекол тоа со оглед на тоа дека актерката изгледа одлично и изгледа дека му пркоси на стареењето.
Фризерот на Џенифер, Крис Мекмилијан и честитал објавувајќи на својот Инстаграм фотографија од нејзе, која ја направила додека тој и ја прави фризурата. На сликата, која ја направи на огледало, лицето не се гледа бидејќи е покриено со косата, но во преден план се извајаните нозе и минијатурен фустан од свила.


Објавувањето брзо собра скоро 30.000 лајкови, проследени со низа комплименти за актерката. “Леле. Изгледа толку убаво”, “Кралицата наша”, “Каква убавица”, “Најсексапилната жена на светот”, “Ви благодарам за оваа фотографија”, “Совршена”, коментираат следбениците
Крис сподели и фотографија од почетокот на неговата кариера и на Џенифер кога и правеше фризури на актерката за популарната серија „Пријатели“, што ја направи славна. Така, соработката и пријателството на Анистон и Мекмилијан трае повеќе од 20 години.
„Онаму каде сè започна“, напиша Крис.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.