Фотографија од милион лајкови: Овие три момчиња се клонови на својот легендарен татко

Антонела Рокузо ги воодушевила обожавателите на својот сопруг Лионел Меси и илјадниците навивачи на Барселона со новата фотографија која ја објавила на Инстаграм.
Рокузо објавила фантастична фотографија од своите тројца синови кои позираат во иста облека и неодоливо потсетуваат на својот татко Лео, а за помалку од десет часа по објавата, фотографијата ја лајкнале повеќе од еден милион луѓе.

 

View this post on Instagram

 

Ellos. Mi Vida Entera❤️❤️

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on


Обожавателите на Лео Меси тврдат дека најмладиот Чиро најмногу потсетува на него.
Лео Меси и Антонела Рокузо го добија својот прв син Тиаго во 2012 година. Вториот син Матео е роден во 2015 година, а најмладиот Чиро се роди минатата година и наскоро ќе го прослави својот прв роденден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.