(Фото) ВМРО-ДПМНЕ пред изборна катастрофа: Во Бутел двајца без тројца на настан организиран од градоначалникот

Очигледно апатијата, погрешните политики и слабата работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ си го прави своето, па така наместо да расте поддршката за политиките на Мицкоски пред избори таа напротив се намалува.

До редакцијата на Инфомакс пристигна фотографија од партиски настан во организација на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, настан на кој имаше мала посетеност од членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Бутел.

На фотографијата направена пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Бутел нема повеќе од 50-тина луѓе кои се недоволни во период кога изборната кампања е речиси во полн ек.

Нарачаните анкети на кои ВМРО-ДПМНЕ има некакво си наводно убедливо водство пред СДСМ кои повеќе служат за креирање на јавното мислење отколку за негово испитување во суштина не ја остварија посакуваната цел креирање на победнички бран пред се помеѓу членовите на партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: