сабота, 28 ноември 2026
Најново

(Фото) Градоначалникот на Охрид и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на вечера со „Папата“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

До редакцијата на Инфомакс пристигна ексклузивна фотографија направена попладнево на која се гледаат неколку добро познати ликови од македонската политичка сцена во државата.

Како што дознаваме на вечера во еден познат охридски ресторан се актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков како и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Донев.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Интересно е што во нивно друштво е и поранешниот премиер и претседател на Република Македонија од СДСМ, Бранко Црвенковски.

Која е позадината на оваа средба останува нејасно имајќи во предвид дека Црвенковски подолго време не е активен на политичката сцена во официјален карактер иако неофицијално стоеше позади формирањето на ЗНАМ на Максим Димитриевски.

Поврзани вести