ФОТО и ВИДЕО| Ферари го претстави новиот болид



Славниот тим италијански Ферари во ексклузивното автомобилистичко натпреварување го претстави новиот болид „SF-24“ кој ќе се натпреварува во претстојната сезона во Формула 1.

Тимскиот шеф Фредерик Васур рече дека „тимот мора да продолжи онаму каде што застана минатата сезона“ кога возачот на Ферари, Шарл Леклер, освои три пол-позиции на последните пет трки од минатогодишниот шампионат.

„Минатата година беше особена со тежок почеток и прилично добар финиш на сезоната. Ќе има подеми и падови, но најважно е да останеме доследни на нашиот пристап“, рече Васур.

Ферари го претстави новиот болид со видео објавено на официјалната веб-страница на тимот и на социјалните мрежи, а болидот и натаму е во доминантната црвена боја.

„Очекувам исчекор во однос на минатата година кога станува збор за болидот. Според впечатокот што го добив во симулаторот, мислам дека работата е завршена добро. SF-24 треба да биде помалку чувствителен и полесен за возење”, рече Леклер.

Неговиот тимски колега Карлос Саинз изјави дека возачите им „дале прецизни информации на инженерите“ за да го направат новиот болид што е можно подобар и конкурентен.

„Се нетрпение ги очекувам возењатата, за да видам дали тоа е во корелација со впечатокот што го добив во симулаторот, а тоа е дека новиот болид е чекор напред во споредба со минатата година“, рече Саинз.

Предсезонските тестирања ќе се одржат од 21-ви до 23-ти февруари во Бахреин, а новата сезона ќе започне на 2-ри март со Големата награда на Бахреин.

 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: