Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано возило на бензинска пумпа кај Градско, дознава Инфомакс.
Како што велат очевидци на ситуацијата вработените слушнале звуци од камионот по што истите повикале полиција, а полицијата го отворила возилото и пронашла шест мигранти внатре.
Од МВР за Инфомакс го потврдија настанот.
– На 27.06.2026 во 10.30 часот во СВР Велес е пријавено дека во товарно возило со бугарски регистарски ознаки, паркирано на паркинг простор на бензинска пумпа на автопатот Градско-Велес, биле пронајдени шест лица мигранти. На лице место излезени полициски службеници од СВР Велес, Регионален центар за гранични работи Југ, Итна медицинска помош Велес и Екипа од територијална противпожарна единица Велес. – велат од СВР Велес од каде нагласуваат дека ова е првична информација, а детали ќе бидат соопштени подоцна.



