Најмалку четворица пожарникари се повредени во огнената стихија која ја зафати фабриката на Макпрогрес вечерва.
Повредени пожарникари има од Штип, Кочани и Св. Николе дознава Инфомакс.
Пожарникарите како што дознаваме се заглавиле во стопениот шеќер од фабриката на Винчини.
Цела среќа што носеле соодветна опрема која најголем дел е донација од американската амбасада, велат пожарникарите.
Неофицијално повредени се и оние пожарникари кои се обидувале да ги извлечат нивните колеги.
До градоначалникот на Виница е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини за гаснење на пожарот во фабирката „Мак Прогрес“, позната по брендот „Винчини“. Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. На терен има и полициски екипи како и амбулатни возила.




