ФОТО | Најубавите близначки на светот сега се тинејџерки, погледнете како изгледаат

Близначките Ава Мари и Леа Роуз Клементс уште од самото раѓање привлекуваат внимание со својата убавина, па затоа и како девојчиња беа прогласени за најубави близначки на светот.Нивната мајка Јаќи Клементс реши да ги запише Ава и Роуз во модна агенција и да се испроба во светот на детските модели.Таа на нивниот седми роденден ги запишала во агенцијата. Освен танцување и пливање, Ава Мари и Леа Роуз Клементс добија уште едно хоби.
„Не бев изненадена што почнаа да скокаат од радост и едвај чекаа да почнат да се занимаваат со манекенство“, изјави тогаш гордата мама.Девојките беа мотивирани и набрзо стигна првата деловна понуда. Сопственичката на детски бутик контактирала со Јаќи и ја замолила да му достави неколку фотографии од нејзините ќерки. Бидејќи немала средства, мајката сама ги фотографирала близнаците со стара камера. Така нејзините ќерки го добија првото портфолио, како и профилот на Инстаграм.
Тоа беше чекорот што ги направи познати. Тие брзо добија 300.000 следбеници, што е бројка за која сонуваат многу инфлуенсери.Близнаците Клементс сега се 14-годишни тинејџери и имаат 2,1 милиони следбеници на Инстаграм, склучени договори со многу брендови за облека, а биле на насловни страници на неколку списанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: