ДПМНЕ не успеа да го донесе ни сопственото членство на митинг!

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000 граѓани, покажуваат пресметките, имајќи го во превдив просторот на кој беше одржан митингот.

Улицата е долга 210 метри, широка 30 метри, што е вкупно 6300 метри квадратни.
На 6300 метри квадратни можат да се сместат максимум 4 лица, иако фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат помалку од тоа, но кога би биле 4 лица на метар квадратен, максималната бројка изнесува 25.200 лица.

Истото може да се пресмета и со бројот на автобуси и комбиња кои дошле до главниот град, на што би се додал и број на жители на Скопје, но бројот повторно не надминува 25.000 лица.

Коментар за бројката би било просек, можеби и под просек, ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ во најдлабока опозиција имало митинзи поголеми од денешниот. На ова ги додаваме повеќе од 40 градоначалници кои ги имаат, технички министри во владата, сопствено членство и администрација вработена од нив…

Да се потсетиме, во јавноста протекоа информации дека ВМРО-ДПМНЕ има околу 35.000 ажурирани членови, што значи дека партијата не успеала да го убеди ниту сопственото членство да дојде на митингот…

ЛИНК од видеото


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.