Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ja пречека министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали без ниту едно македонско знаме.
Меџити ја пречека Спиропали на споменикот на Скендербег.
-Со посебна чест, денес ја пречекавме во Скопје г-ѓа Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија.
На средбата со г-ѓа Елиса Спиропали, застанавме на плоштадот што го носи името на Националниот херој, Ѓерѓ Кастриоти, Скендербег. До неговата биста, положивме цвеќе, изразувајќи ја нашата почит кон нашата заедничка историја и кон фигурата што го отелотворува албанскиот идентитет, став и единство. Тоа беше момент што нè потсетува дека вредностите врз кои е изграден нашиот национален пат треба да останат водилки и денес, во време на нови предизвици и одговорности.
Во овој дух, продолжуваме да градиме мостови на соработка и да ги зајакнуваме врските што нè обединуваат како држави и како политика.



