четврток, 26 ноември 2026
Најново

Франција воведува воен рок

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Франција официјално воведува доброволен воен рок по речиси 30 години. Програмата трае 10 месеци, со прв месец резервиран за обука, а регрутите ќе добиваат плата, униформа и опрема.

Претседателот Емануел Макрон истакна дека мерката е одговор на растечките безбедносни закани од Русија и геополитичките промени во Европа. Во моментов, француските вооружени сили бројат околу 200.000 активни припадници и 45.000 резервисти, а се очекува наредната година околу 3.000 доброволци да ја завршат новата обука.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Оваа одлука продолжува со напорите на Макрон да ја зајакне воената подготвеност на младите, откако претходниот универзален едномесечен програм бил укинат поради високи трошоци.

Франција воведува доброволен модел, додека некои европски земји, како Германија, Шведска, Финска, Естонија, Литванија и Летонија, го задржуваат или повторно воведуваат задолжителен воен рок поради растечките безбедносни ризици.

Поврзани вести